Се огласи босанскиот тенисер кој му се закануваше на судијата: Никому не му се заканував дека ќе го убијам

од Stefanija Kuzmanovska

Босанскиот тенисер Дамир Џумхур се обиде да објасни што точно се случи на турнирот во Акапулко.

Тој играше против Ботик ван де Саншулп во квалификациите, но натпреварот заврши порано, со дисквалификација на Џумхур.

Причината е заканата до главниот судија, но како што вели, не со смрт.

„Не знам зошто порталите наведоа дека сум кажал дека ќе убијам некого. Јас само му реков на супервизорот дека имам потреба да го удрам главниот судија заради она што ми го направи. Супервизорот ми рече дека тоа нема да биде добра идеја, дека можам да си направам штета самиот на себе. Јас одговорив дека не ме интересира ништо, поради целата нервоза, но се смирив и го напуштив теренот. Никому не му се заканував дека ќе го убијам, ниту дадов причина за такво нешто. Има видео од сè, па не знам кој успеа да извлече такво нешто“, напиша Џумхур на Инстаграм.

Дамир истакнува дека не бил дисквалификуван, туку дека самиот го напуштил теренот.

„Многу е важно да се каже дека не бев дисквалификуван од натпреварот, јас самоволно го напуштив теренот. Едноставно не можев да издржам дека некој се однесуваше многу лошо и грубо кон мене, дека може да прави што сака. Мислам на главниот судија, кој директно влијаеше на резултатот од натпреварот со неговите лоши одлуки. Чашата ја прели спорната топка на 5: 5 и сок. Сè беше јасно, но тој не реагираше, и јас го изгубив тој сервис гем“, додаде тој меѓу другото.

Џумхур мораше да игра квалификации затоа што падна на 125-то место на светската листа.

Слични содржини