Јас сум братот на возачот, оној што го вадат од возилото на снимкава. Не нападнаа за глупости… Влеговме во кола ни дотрчаа 3-4 Aлбанци ни ја скршија шофершајбната со боксачи ( веднаш повикавме полиција) ние побегнавме но завршивме во слепа улица. Вака братот на Бојан Илиќ, Бобан ја започнува својата верзија за настанот кој ја потресе Македонија.
-Продолжија да не бркаат околу 20 албанци со ножеви, боксачи и слично. Братми за да ги избегне удри во ѕид за жал тука било дете ние неможевме да видиме ништо зошто ни е скршена шофершајбната и бевме испаничени, јас не знам каков човек напаѓа луѓе со цел да ги тиепа/убие пред сопственото дете за банална расправија поради ред во болница и со тоа го доведува во опасност… И дали тие навистина се жртви? Јас имам 5 посекотини од НОЖ, повеќепати сум удрен со тврд предмет по глава и тело. Против никој од напаѓачите не е поднесена кривична пријава уште и се организираат протести и го нарекуваат брат ми терорист кој сакаше само да избега и да се спаси… Навистина е греота за детето и ние жалиме ама како би вие реагирале да се најдете во ваква ситуација и да ви е загрозен вашиот живот и животот на вашата фамилија? Во сите медиуми пишува како ние сме ги чекале да ги згазиме никој не ја напиша вистината што навистина се случи, пишува Бобан./пренесе ТВ21