Се огласи Дачиќ со можната причина за трагедијата во Нови Сад

од Nikola Popovski
96 прегледи

Министерот за внатрешни работим на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека се претпоставува дека една од можните причини за трагедијата на Железничката станица во Нови Сад, каде што 14 лица загинаа при падот на бетонската настрешница, може да биде корозија на држачите што ја држеле настрешницата.

-Тие не се променети од 1964 година. Доказите се земени вчера и преместени на место кое го обезбедува полицијата, а сега ќе се изврши вештачење и потоа ќе биде појасно што се случило, изјавил Дачиќ за ТВ Пинк.

Дачиќ истакнал дека повредите на жртвите биле тешки и дека лекарите му рекле дека такви повреди одамна не се видени.

„Ми рекоа дека се работи за стотина тони, повредите биле такви што смртта настапила на лице место“, изјавил Дачиќ.

Во Србија денеска е Ден на жалост, додека во Војводина и Нови Сад е прогласена тридневна жалост. Знамињата се спуштени на половина копје, а телевизиите емитуваат соодветна програма.

Да потсетиме, во трагедијата загина и 45-годишниот македонски државјанин Васко Саздовски кој речиси една година работел во Нови Сад како роботичар.

Слични содржини