За актерот кој се прослави со „Хари Потер“ неколку денови се шпекулираше дека е првата славна личност кај која е позитивен тестот за коронавирус.
Лажната вест се појави на Твитер, а потоа ја преземаа многу медиуми, меѓу кои и бројни релевантни медиуми и агенции.
„Ѕвездата на ‘Хари Потер’ е првата славна личност кај која е утврден коронавирус“, гласеше твитот.
Кратко потоа реагирал неговиот портпарол кој ја демантирал оваа вест и кој за јавноста потврдил дека актерот е здрав и се чувствува одлично.
Твитот го сподели репортер на Њујорк тајмс, кој подоцна се извини за ширење лажни вести. Твитер го избриша твитот, а групата која ја пушти веста објасни зошто го направила тоа:
„Интересно е да се манипулира со човечките мозоци, бидејќи интернетот очигледно го спушта коефициентот на интелигенција на луѓето“, објасниле тие.