Пејачката Шакира и фудбалерот Жерар Пике беа познати како еден од омилените парови во светот, а веста за нивното раскинување по долги 12 години ги шокираше сите.
Поранешните партнери и официјално ја потврдија веста, а сега се огласи и 20-годишната секс-бомба Сузи Кортез, за која шпанските медиуми пишуваат дека е главниот виновник за нивното раскинување, бидејќи Шакира наводно ја фатила во кревет со Пике.
„Тој ми испрати директна порака. Единствени играчи на Барса кои никогаш не ми испратија ништо беа Меси и Кутињо. Тие се одлични сопрузи и ги почитуваат своите сопруги. Шакира не го заслужи ова. Го интересираше кога ќе се вратам од Бразил во Европа, секогаш ме прашуваше за мојот задник, го интересираше колку е голем, а исто така му пречеше што Меси добива толку големо внимание од мене“, пренесува El Diario NY.
Сузи на нејзиниот Инстаграм профил ја следат 22.000 луѓе со кои секојдневно ги споделува своите провокативни и разголени фотографии, а во описот на профилот пишува дека е модел, спортист, ТВ водителка и деловна жена.