341
Актерката Ен Хеч неодамна доживеа тешка сообраќајна несреќа и моментално се бори за живот.
Сега, по тој повод, се огласи нејзината поранешна девојка, водителката Елен Деџенерис.
Елен некогаш планираше брак со неа, но сега даде само кратка изјава.
„Не се слушам со неа. Веќе не сме во контакт, па не знам како е. Секако дека ѝ посакувам се најдобро. Не сакам некој да биде повреден“, изјави таа за Page Six.
Нивната врска стана јавна во 1997 година и привлече големо внимание, а тврдеа дека ќе се венчаат штом геј браковите ќе станат легални во Вермонт.
Сепак, тие раскинаа во 2000 година, а главна причина за раскинувањето беше аферата помеѓу Хеч и снимателот Колман „Коли“ Лафун, со кој подоцна се омажи.