Се огласи Ганиу: Арсовска од тротоар ме повикува да комуницираме, а 3,5 години не одржала состанок

од Nikola Popovski
53 прегледи

По денешното снимање од пред дивоградба во Чаир и обвинувањата кон локалната власт, градоначалникот Висар Ганиу ѝ се обрати на градоначалничката Данела Арсовска. Вели дека му е мило ми е што Арсовска, по 3 и пол години на функцијата, стапнува во Чаир, како градоначалник на Градот Скопјe.

-Имам и писма со комуникација, барам нивниот Инспекторат да дејствува во општина Чаир, а досега немаме никаков одговор. Мило ми е што се разбуди по таа прес-конференција, каде што гледате дека собирањето отпад, на обемни материјали, не функционира. Тоа е, ние презедовме иницијатива да го собереме, тие нè запреа. Слушнав од мојот Кабинет дека нè повикала во живо да бидеме таму, добро е што по 3 и пол години ѝ текна. Таа има обврска кон нас градоначалниците и да одржува состаноци. Не одржала состанок 3 и пол години, а ме вика од тротоар да комуницираме – ниско е нивото. Плус, сите медиуми знаеjа дека денес во 11 часот имаме настан, а таа излегува во 10 часот таму, каде што има судир на распореди и знае дека не можам да дојдам. Сето ова е ПР, низок ПР. На г-ѓа Арсовска во Чаир ѝ велам дека треба да дојде и за капитални инвестиции, кажа Ганиу по поставувањето на скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ во паркот „Украина“ во Општина Чаир.

Арсовска утрово излезе на терен со нејзините најблиски соработници за да провери објект во близина на „Пластичарска“. Речиси еден час, таа го емитуваше во живо на Фејсбук разговорот што го водеше со работниците и возачот на камион, каде што зброуваа дали имаат дозволи или не.

Арсовска, критикувајќи ја општина Чаир и Ганиу, вели дека зградата е дивоградба. Таа го нарече градоначалникот „принцеза на дивоградби“.

Слични содржини