Се огласи Георгеску: Во Европа владее диктатура, а Романија е под тиранија

од Nikola Popovski
421 прегледи

Независниот десничарски кандидат Калин Георгеску, чија кандидатура за претседателските избори ја отфрли романската Централна изборна комисија (ЦИК), денеска изјави дека Романија е „под тиранија“ и дека во „Европа владее диктатура“.

„Уште еден директен удар во срцето на демократијата ширум светот! Ми остана само една порака: ако падне демократијата во Романија, ќе падне и целиот демократски свет. Ова е само почеток. Толку е едноставно! Европа сега е диктатура, Романија е под тиранија“, напиша Георгеску на својот Фејсбук.

Романската ЦИК во неделата вечерта објави дека е одбиена кандидатурата на Георгеску, како и кандидатурите на уште двајца независни кандидати – Марија Марко и Јон Попа, додека кандидатурата на Никусор Дан е прифатена.

Минатата година Георгеску беше неочекуван победник во првиот круг на гласање, иако немаше мнозинство за целосна победа уште по првиот.

Уставниот суд во Романија прво ги призна резултатите од гласањето, а потоа ги поништи, наводно поради разузнавачки информации дека Русија била вмешана во 800 профили на ТикТок кои го поддржувале Георгеску во кампањата.

Тој сега има 24 часа да поднесе формална жалба до највисокиот суд во Романија, кој се очекува да донесе конечна одлука во следните три дена.

Слични содржини