Се огласи Ѓоковиќ и објасни зошто го пропушта Мајами

од Vladimir Zorba
1902 прегледи

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ пред неколку дена изјави дека најверојатно нема да игра на претстојниот Мастерс во Мајами, а сега објасни и зошто.

Тој на социјалните мрежи напиша дека во овој дел од кариерата мора да најде баланс во животот и дека во иднина се радува на натпреварите на турнирот во Флорида.

„Здраво Мајами! За жал, оваа година нема да играм на Мајами опен. Во овој дел од мојата кариера, морам да го балансирам мојот личен со мојот професионален живот. Жал ми е што нема да играм пред некои од најдобрите и најстрасните фанови на планетата. Со нетрпение очекувам да се натпреварувам во Мајами во иднина“, напиша првиот рекет на светот.

Да потсетиме, по ненадејната елиминација во Индијан Велс, српскиот ас најави дека ќе размислува за настап во Мајами, иако на сите веќе им беше јасно дека ќе го прескокне турнирот од серијата 1.000, па овој потег беше донекаде и очекуван.

Сега целосниот фокус на Ѓоковиќ ќе биде натпреварувањето на Олимписките игри, како и на Гренс слем турнирите во Париз (Ролан Гарос) и Лондон (Вимблдон).

Слични содржини