Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се огласи откако се откажа од учеството на турнирот во Рим.
Организаторите на турнирот накратко објавија во вторникот дека Ѓоковиќ нема да учествува на местото каде што веќе има освоено шест трофеи.
Организаторите, како што се очекуваше, не понудиле никакво објаснување, а ниту тенисерот не понуди такво нешто.
Ѓоковиќ само објавил фотографија со трофејот од Рим, заедно со две реченици.
„Рим, ќе ми недостигаш. Се надевам дека ќе се видиме следната година“, навел тенисерот.