Се огласи гувернерот на Истанбул по страшната експлозија, сподели детали

од Stefanija Kuzmanovska
228 прегледи

Според првите извештаи, четири лица го загубиле животот, а 38 се повредени во експлозијата што се случи денеска на улицата Истиклал во центарот на Истанбул, објави на својот Твитер профил гувернерот на Истанбул, Али Јерликаја.

Како што наведе, ранетите се пренесени на лекување во болница.

„На загинатите им посакуваме Божја милост, а на повредените брзо закрепнување. Развојот на настаните ќе биде споделен со јавноста“, рече тој.

Потсетуваме, силна експлозија одекна на популарната пешачка авенија Истиклал во Истанбул.

Градоначалникот веднаш соопшти дека не се знае што ја предизвикало страшната експлозија.

Турските медиуми пишуваат и дека главното јавно обвинителство на Истанбул соопштило дека е покрената истрага за експлозијата.

Слични содржини