Непосредно по објавувањето на официјалната покана на ИХФ за настап на македонската ракометна репрезентација на СП во Египет, селекторот на Македонија, Данило Брестовац ги соопшти имињата на ракометарите кои ќе отпатуваат на Мундијалот.
Меѓу патниците се најдоа 20 ракометари меѓу кои ќе има и седум дебитанти.
Првпат на едно големот натпреварување ќе играат Мартин Томовски, Никола Даниловски, Димитар Димитриоски, Цветан Кузманоски, Ненад Костески, Дарко Георгиевски и Михајло Младеновиќ.
СОСТАВ НА МАКЕДОНИЈА
ГОЛМАНИ: Никола Митревски (Порто), Мартин Томовски (Лудвигсхафен), Никола Даниловски (Охрид)
ЛЕВИ КРИЛА: Димитар Димитроски (Вардар), Цветан Кузманоски (Еурофарм Пелистер 2)
ДЕСНИ КРИЛА: Мартин Поповски (Амичитија Цирих), Ненад Костески (Еурофарм Пелистер)
ЛЕВИ БЕКОВИ: Филип Талески (Вардар), Марко Мишевски (Вардар), Дарко Георгиевски (Анжер), Михајло Младеновиќ (Металург)
ЦЕНТРАЛНИ БЕКОВИ: Филип Кузмановски (Хановер), Марио Танкоски (Еурофарм Пелистер), Горан Крстевски (Фочани)
ДЕСНИ БЕКОВИ: Кирил Лазаров (Нант), Мартин Велковски (Еурофарм Пелистер), Мартин Серафимов (Металург)
ПИВОТИ: Стојанче Стоилов (Вардар), Никола Маркоски (Еурофарм Пелистер), Жарко Пешевски (Штутгарт)