214
Украинскиот претседател Володимир Зеленски зборуваше за кризата во Русија, во која е во тек обидот за државен удар.
Коментирајќи го бунтот на началникот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин против рускиот претседател Владимир Путин и военото раководство во Кремљ, украинскиот претседател изјави дека „слабоста на Русија е очигледна“.
Според него, Москва ќе предизвика уште поголем „хаос“ во земјата, колку подолго останат руските сили во Украина.
„Слабоста на Русија е очигледна. Целосна слабост“, напиша Зеленски на Телеграм, пренесе Ројтерс.