Горан Иванишевиќ, тренерот на најдобриот тенисер на планетата, Новак Ѓоковиќ, даде изјава во врска со повредата на првиот фаворит за титулата на Австралија опен.
Ѓоковиќ заработи повреда на мускулот за време на мечот со Тејлор Фриц, но сепак успеа да забележи триумф. Но, крајот на натпреварот го означи и почетокот на вознемиреноста кај навивачите.
Прво, синоќа се појавија информации дека Новак го откажал денешниот тренинг. Набргу потоа, дојде до делумен излив на оптимизам откако директорот на турнирот, Крег Тили, истакна дека верува дека Новак сепак ќе излезе на теренот против Милош Раониќ, но изјавата на Горан Иванишевиќ ја потврди лошата вест.
Имено, поранешниот победник на Вимблдон потврди дека Новак ќе го прескокне денешниот тренинг со цел да се подложат на дополнителни прегледи, а перформансот против Раониќ сè уште е под знак прашалник.
Мечот со Раониќ е закажан за в недела, околу 10.30 часот, па треба да биде појасно најдоцна до утре наутро дали Новак ќе игра во четвртфиналето или не.
Via ESPN, coach Goran Ivanisevic said Novak Djokovic isn’t practicing today while seeking more medical opinion.
Team still unsure on his situation for tomorrow vs Raonic.
— José Morgado (@josemorgado) February 13, 2021