Се огласи Јувентус: Игор Тудор е нов тренер

од Nikola Popovski
29 прегледи

Тиаго Мота доби отказ, а Игор Тудор е нов тренер на Јувентус, соопштија од торинскиот клуб.

„Клубот му се заблагодарува на Тиаго Мота и на целиот негов тренерски штаб за нивниот професионализам и работата што ја направија со голема страст и посветеност во изминатите месеци. Им посакуваме многу среќа во нивните понатамошни кариери“, се вели во соопштението на тимот од Торино.

Од Јувентус потврдија дека нов тренер на првиот тим ќе биде Тудор, а неговиот прв тренинг е закажан за понеделник на 24 март.

Тудор веќе беше на клупата на Јувентус, но како помошник на Андреа Пирло (од август 2020 до мај 2021 година), а последната работа на поранешниот централен бек на Јувентус беше во Лацио. Тој се раздели со римскиот клуб во јуни 2024 година, по само 11 натпревари.

Поранешниот хрватски репрезентативец во својата тренерска кариера ги водеше Хајдук, ПАОК, Карабукспор, Галатасарај, Удинезе, Верона, Марсеј и Лацио.

До крајот на сезоната Тудор и Јувентус ги очекува жестока битка за место во Лигата на шампионите.

Слични содржини