Се огласи Латас по обвинението: Жал ми е ако некој се почуствувал навреден

од Vladimir Zorba
248 прегледи

Новинарот на Драган Павловиќ-Латас во изјава за Канал 5 по денешното покренато обвинение од страна на ЈОРМ за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем вели дека е изненаден дека се бара одземање на пасош.

– Јас сум веќе 6 години во машината за мелење на СЈО и не сум избегал од државава, а второ се бара забрана за јавни настапи на новинар, на кого јавниот настап му е професија. Практично се бара забрана за вршење дејност што може да биде само судска одлука по процес. А инаку сеа ве можете да направите и забрана за 3 години да донесете пресуда и 3 години новинарот да не може да живее и да работи. Мене ми е лично жал ако некој се почуствувал навреден, затоа што бил повреден или повикан од тоа, затоа што има право да си ги толкува на свој начин работите во однос на она што ние го кажуваме, така да можам да им се извинам на тие луѓе навистина повредени и навредени и кои го виделе тоа видео, а не прочитале наслов или некој им кажал, посочи Латас.

Слични содржини