Се огласи лидерот на Исламски џихад, упати порака до Израел

од Stefanija Kuzmanovska
220 прегледи

Лидерот на палестинскиот исламски џихад денеска изјави дека израелските војници кои се меѓу 240-те заложници однесени во Појасот Газа ќе бидат ослободени само во замена за сите Палестинци во израелските затвори.

Исламски џихад, наводно, држи 40 заложници киднапирани од Хамас и други палестински екстремистички организации во нападите врз јужен Израел на 7 октомври.

Денеска и во следните три дена ќе бидат ослободени 50 заложници во замена за 150 палестински затвореници.

Двете страни прво ќе ги ослободат жените и децата.

„Непријателските воени затвореници нема да бидат ослободени ако нема слобода за нашите затвореници и тоа е поврзано со крајот на агресијата“, рече водачот на Исламскиот џихад Зиад Наклалех во телевизиско обраќање.

Тој процени дека Израел ќе биде принуден „на крајот да постигне договор „по системот сите за сите““.

Засега не се знае колку заложници се држат во Газа додека служат воен рок и дали екстремистите ги сметаат и резервистите за воени заложници.

Речиси 7.000 Палестинци во моментов се наоѓаат во израелските затвори и отслужуваат казни поради безбедносни обвиненија.

Од почетокот на оваа година уапсени се околу 1.800 Палестинци.

Слични содржини