Се огласи мајката на Милена Радуловиќ

од Stefanija Kuzmanovska

Мајката на актерката Милена Радуловиќ, која го обвини за силување славниот учител на гулма Мирослав Мика Алексиќ, чие училиште го посетувала, објави порака на Инстаграм, во која им се заблагодарува на сите што ја поддржаа борбата на нејзината ќерка.

„До пред една недела очекувавме сè, освен ваква поддршка. Ви благодарам на сите, и ви благодарам што признавте дека ова е многу повеќе од еден случај и лична борба на Милена. Љубов и поддршка на сите Милени на овие наши простори и пошироко“, напиша мајката на Милена во објава на Инстаграм.

Таа објави неколку фотографии покрај пораката, а на првата меѓу нив стојат зборовите: „Мојата Милена“.

Да потсетиме, Милена Радуловиќ изјави дека Мирослав Алексиќ ја силувал кога имала 17 години, како и дека се повторувало сексуално насилство.

Слични содржини