Се огласи Марсело откако беше исфрлен од Флуминенсе

од Vladimir Zorba
44 прегледи

Поради ситуацијата која настана при замената на играчите на натпреварот на кој Флуминенсе и Гремио одиграа 2:2, најстариот бразилски клуб и бразилската легенда Марсело (36) ја прекинаа соработката.

Да потсетиме, Марсело и тренерот на Флуминенсе, Мано Менезес не се согласуваа во моментот на замената на играчите, Марсело наместо на теренот беше вратен на клупата, а се резултираше со раскин на договорот. Тоа сега го потврди и еден од најтрофејните играчи во историјата на фудбалот.

Тој околу полноќ на Инстаграм објави порака со благодарност до клубот и се потсети на славните моменти со него. Тој не напиша ниту една негативна работа за Флуминенсе, каде ја започна својата кариера во 2005 година и играше за нив се додека не замина во Реал во 2007 година. Заблагодарувајќи им се на своето семејство за поддршката, на претседателот и персоналот на клубот како и на соиграчите и навивачите, тој потсети на емотивната врска со Флуминенсе и незаборавниот момент од освојувањето на историскиот, прв трофеј за клубот во Копа Либертадорес.

За девет часа од нејзиното објавување, неговата порака собра повеќе од 1,2 милиони лајкови.

Со 30 освоени трофеи, Марсело е еден од најуспешните играчи во историјата на фудбалот. Огромното мнозинство, од кои 25, го освои во дресот на Реал за кој настапуваше од 2007 до 2022 година. По краткиот период во Олимпијакос, тој се врати во Флуминенсе, неговиот клуб од детството, во 2023 година, а сега го напушти на грд начин.

Слични содржини