Се огласи Милена Радуловиќ откако беше покренато обвинение против Мика Алексиќ

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката Милена Радуловиќ за „Блиц“ изјави дека го очекувала обвинението кое беше покренато денес против Мирослав Мика Алексиќ и ваквата негова содржина.

– Со оглед на бројот на пријави и бројот на девојки кои се јавија, подготвени да сведочат за нивните искуства со Мирослав Алексиќ, подигнувањето на обвинение за мене е целосно очекувано – вели Милена Радуловиќ.

Таа истакнува дека од првиот ден кога излегла во јавноста и кога другите девојки зборувале, била свесна дека ја прават вистинската работа.

– Не размислував за можни последици, закани, притисоци. Не се плашев, бев свесна што правиме, бидејќи ја кажуваме вистината – наведува таа.

Вели и дека Ива Илинчиќ, таа и другите девојки направиле се што можеле, како и дека сега сè е оставено на судот, пренесува „Блиц“.

Слични содржини