Се огласи Миленковски: Истрагата ќе покаже дека нема никаква вина кај мене, ниту прекршок, ни кривично дело

од Vladimir Zorba

Уапсениот македонски дипломат Миле Миленкоски, кој е во екстрадикционен притвор во Врање, Србија, во писмо до СП вели дека во доставените докази од Ерменија „нема ништо што би укажувало на негова вина, и верува дека С.Македонија е правна држава и, оттаму, верува дека надлежните (во земјава) ќе покренат брза постапка, со оглед на фактот дека во доказите за случајот се опфатени 7 лица, од кои 6 се државјани на РСМ.

Во реакцијата, Миленкоски вели:

„Жалам што поради тоа што покрај мојот углед, со овој настан беше нарушен и угледот на МНР и на Владата на РСМ. За ништо на светот не би наштетил на мојата чест и углед, на семејството, на Министерството кое ми даде се во животот, ниту на Владата на РСМ. Бидете уверени дека ни во овој случај нема никаква вина кај мене, ниту прекршок, ни кривично дело, што е случај во целиот мој живот и кариера. Секако, тоа ќе го покаже и истрагата.

Дотогаш, молам да се воздржите од шпекулации и непроверени информации, бидејќи со тоа ги повредувате чувствата на моето семејство и со тоа ја отежнувате и онака тешката состојба во која се најдовме во овој немил настан.

Жалам што поради настанатата ситуација не сум во можност да му се придружам на одличниот тим во Мисијата на РСМ во Виена која се подготвува за веројатно најголемиот предизвик за нашата дипломатија, претседавањето со ОБСЕ во 2023 година. За оние кои се посомневаа за мојата дипломатска адекватност таму да бидам испратен како министер-советник, само на кратко: магистер сум по Европски интеграции, со 23-годишно искуство во МНР, со три мандати во странство како дипломат. Мојата втора книга, чија тема беа македонските граници, ја финансираше ОБСЕ. Две години бев контакт-лице за гранична безбедност на ОБСЕ во нашата држава. Учесник сум на повеќе конференции на ОБСЕ и модератор на една од нив. Две години бев заменик постојан претставник во Постојаната мисија на РСМ во Виена.“, стои во реакцијата до СП.

Слични содржини