Се огласи моментално најомразената личност на социјалните мрежи: „Чувствувам фрустрација“

од Stefanija Kuzmanovska
398 прегледи

Една од најуспешните пејачки на денешницата пред еден месец објави нова песна за која доби бројни критики и стана една од најомразените личности на интернет. Аријана Гранде сега проговори за интересот на таблоидите за нејзиниот живот.

На прашањето што е најтешкото нешто во нејзиниот живот во моментов, Аријана одговори:

„Не знам. Се чувствувам многу благодарна што сум толку уметнички исполнета во овој момент. Не можам да се пожалам“.

Таа истакнала дека албумот е издаден за нејзините обожаватели, додавајќи:

„Работата е што не знаеме ништо за таблоидите и медиумите. Селективно се сеќаваме што им прават таблоидите на луѓето, особено на жените, врз основа на тоа дали ни се допаѓа таа личност или не“.

„Не треба да навлегуваме во детали, но секако чувствувам фрустрација, необјасниво пеколно чувство, додека гледам како луѓето погрешно ги разбираат луѓето кои ги сакам и мене“, наведе пејачката.

Да потсетиме, нејзината неодамна објавена песна „Yes, And?“ веднаш се искачи на првото место на Spotify, со повеќе од 11 милиони стримови на денот на нејзиното објавување. Сепак, таа предизвика прилично мешани реакции.

Пејачката изгуби стотици илјади следбеници на Инстаграм минатиот месец. Според аналитичката страница Social Blade, таа изгубила вкупно 369.630 следбеници на Инстаграм од почетокот на јануари, при што огромното мнозинство од нив престанале да ја следат откако песната беше објавена на 7 јануари.

Слични содржини