Се огласи МВР-Обезбедувањето на посочените лица досега било незаконско

од Vladimir Zorba
70 прегледи

 

Министерството за внатрешни работи уште еднаш ја информира јавноста дека согласно Уредбата за личностите и објектите што се обезбедуваат, видовите на мерки и активности и степените на обезбедување, донесена од страна на Владата на Република Македонија (Сл.весник бр. 56 од 27.03.2014 год.), прецизно е наведено кој, кога и како е или може да биде обезбедуван со посебни мерки и активности од страна на МВР.

обезбед

Според тоа, Министерството за внатрешни работи, како што неодамна ја информиравме јавноста, а постапувајќи исклучиво врз основа на одредбите од Уредбата, констатираше дека повеќе лица незаконски користеле, односно биле под посебна безбедносна заштита на министерството притоа неисполнувајќи ниту еден од нормативно пропишаните критериуми.

Министерството за внатрешни работи како институција на сите граѓани на Република Македонија е должна да постапува и работи според словото на Уставот и законите, а сите наводи, претпоставки, шпекулации и други злонамерни конструкции во јавноста, надвор од оваа рамка, министерството нема намера да ги коментира, се вели во вечерашното соопштение на МВР