Се огласи Николина Пишек по излегувањето од болница: Доколку не го послушав сопругот, ќерка ми и јас немаше да сме живи!

од Nikola Popovski
536 прегледи

Хрватската водителка Николина Пижек и нејзината ќерка Уна доживеале труење со јаглерод моноксид во стан во Загреб, поради што завршиле во болница, а сега водителката покажа каде привремено престојува со својата ќерка.

Имено, таа објави фотографија од хотелска соба, нејзината ќерка ручаше, а покрај фотографијата напишала:

– Привремен дом. Се ќе биде во ред. Мора – напишала Николина.

Имено, цевката што пукнала во нивниот стан, поради градежните работи предизвикала труење со гас. Пожарникарите и полицијата веднаш пристигнале на лице место.

– Ќерка ми и јас бевме примени во болница во раните утрински часови во неделата со тешко труење со гас. Случајноста не спаси. Мојот сопруг, кој не беше во Загреб, даде се од себе. Ако мојата одлука беше спроведена, немаше да сме живи. Зборував со сопругот кога дојдов од градот со ќерка ми и таа му рече дека ќе гледаме филм. Му се јавив околу полноќ и реков дека не се чувствувам добро и дека Уна повраќа. Му реков дека ќе одам на лекар наутро. Сепак, тој инсистираше да заминеме таа вечер. Потоа повторно ми се јави, но јас не одговарав на телефон затоа што очигледно ја изгубив свеста. Подоцна, слушнав од него дека ги барал неговите пријатели еден по еден и успеал да добие наш близок пријател во тие доцни часови. Тoj повикал полиција и брза помош, кои помогнаа да се скрши вратата и да стигнат до нас. Потоа не пренесоа во болницата, а денес само што излеговме. Апелирам со закон да се воведе аларм за гас, бидејќи тоа може да спаси човечки животи. Кај нас инсталациите редовно се одржуваа, но како што гледате, можеше да се случи најлошото сценарио – изјавила Николина за српски „Блиц“.

Слични содржини