Се огласи Орданоски: „Фрлив петарда во кокошарник и почнаа да летаат пердуви…“

од Nikola Popovski
2,2K прегледи

Новинарот Сашо Орданоски се огласи по нападите од дел од јавноста и од владеачката ВМРО-ДПМНЕ во однос на неговите критики кон новата американска администрација и претседателот Доналд Трамп. На шеговит начин во емисијата „Политиканти“ објасни дека „фрлил петарда во кокошарник и почна да летаат пердуви во последните 24 часа“.

Истакна дека е изненаден од реакциите. Меѓу другото како свој коментар изјави дека „ги чека сите да се огласат со ставови, по што ќе излезе со потемелна анализа“.

-Мислам дека во три часот сабајле ги будеа ботовите да се јавуваат. Денеска телефонот го полнам најмалку четири пати. Стотици луѓе ми се јавуваат од кои дел не ги ни познавам. Ми се јавуваат од кафеани, тотално непознати луѓе…Воодушевени се, не од смисла од тоа што сум го говорел туку воодушевени од тоа што можат да размислуваат од тоа што ги гуши од вмровската пропаганда 24 часа дневно. Од примитивната машинерија која ти вика „вака ќе мислиш, немој поинаку да мислиш“…Ги гледам како полека се опуштаат луѓето, рече вчера Орданоски во емисијата.

-Во психологијата има една теорија дека потребата на луѓето да мразат е поголема од потребата да сакаат. Во политиката, традицонално десничарските партии играат со стравовите, а левичарските со надежите. Стравот е многу посилно чувство и чувство кое мобилизира. Проблем кај него е кога ќе си играш со стравот, ако ти излезе од контрола, тогаш е многу опасно. Кај надежите, ако ти излезат од контрола, ќе ги изгубиш изборите и толку, додаде новинарот, посочувајќи дека нема социјални мрежи и не „го допираат“ коментарите и реакциите кон него за неговите ставови.

-Моето едно појавување со еден одличен професионалец како што е Гоце Михајловски од Канал 5 ја покрена дебатата. Додека траат овие плукања, дебатата е почната и веќе се одвива. Немам други амбиции ниту можам да го сменам светот. Нашата работа е да ги отвораме дебатите. Плукајте на мене ама разговарајте за ова што вчера зборувавме, кажа Орданоски.

Слични содржини