Се огласи Песков во врска со скандалот за шпионажа во Италија

од Stefanija Kuzmanovska
310 прегледи

Кремљ не е запознаен со деталите за апсењето на службеникот на рускиот воен аташе, но се надева дека ќе ги зачува позитивните односи со Италија, изјави денеска портпаролот на руското претседателство, Дмитриј Песков.

– Сè уште немаме информации за причините или околностите на ова апсење. Во секој случај, се надеваме дека позитивната и конструктивна природа на руско-италијанските односи ќе бидат зачувани, рече Песков.

По истиот повод, се огласи и руското Министерство за надворешни работи кое наведе дека Москва работи на расветлување на протерувањето на двајцата руски дипломати од Италија и следните чекори.

– Жал ни е за протерувањето на двајцата членови на руската амбасада во Рим. Нашите можни потези ќе бидат објавени подоцна, се наведува во соопштението од Министерството.

Двајца дипломати беа протерани поради случај на шпионажа.

Слични содржини