Се огласи позната актерка од озлогласената листа на Џефри Епстајн

од Stefanija Kuzmanovska
325 прегледи

Публицистот на познатата актерка Камерон Дијаз издаде соопштение во кое негира каква било поврзаност меѓу неа и Џефри Епстајн, откако ѕвездата беше спомната во сега објавените документи од решената тужба против негов соработник.

На таа листа се и Леонардо ди Каприо, Брус Вилис, Наоми Кембел и многу други.

Веста првично се појави на E! Online, а потоа било соопштено дека Камерон Дијаз немала никаква поврзаност со претходно осудениот педофил Џефри Епстајн, и покрај тоа што еден од неговите пријатели обвинет за злоставување ја споменал во новооткриените судски документи, изјавил публицистот на актерката.

Во документите, Јохана Сјоберг во изјава навела дека починатиот финансиер зборувал за своите врски со неколку познати личности, истакнувајќи дека сакал да ги именува.

Публицистот бил запрашан дали Џефри некогаш ја запознал Камерон Дијаз, а тој одговорил: „Не“.

„Камерон никогаш не го запознала Џефри Епстајн, ниту била на истото место каде што бил и тој, ниту пак имала било каква поврзаност со него“, истакнал претставникот на актерката во изјава за повеќе медиуми.

Починатиот финансиер во текот на својот живот се дружел со многу познати личности, членови на кралското семејство, политичари и бизнисмени.

Во 2008 година тој се изјасни за виновен за изнуда на проституција од малолетни девојчиња и одлежа повеќе од една година затвор.

Слични содржини