Се огласи Пригожин: Белоруската армија ќе ја направиме втора најдобра во светот

од Stefanija Kuzmanovska
433 прегледи

Шефот на паравоената група „Вагнер“ Евгениј Пригожин денеска ги поздрави своите борци во Белорусија, велејќи дека тие ќе ја направат белоруската армија втора најдобра во светот.

„Ако има потреба, ќе се бориме за неа“, рече Пригожин во видеото објавено на Телеграм, пренесува „Ројтерс“.

Тој додаде дека борците на „Вагнер“ ќе останат во Белорусија уште некое време.

Зборувајќи за ситуацијата во Украина, Пригожин рече дека станува збор за „срамота“ во која „Вагнер“ не треба да учествува.

Слични содржини