Рубен Аморим засега не беше во можност да го извлече Манчестер Јунајтед од мртва точка резултатски, а ниту во поглед на играта. Сепак, тој воведе една новина. Со своите потези ги зголеми шпекулациите за заминување на Маркус Рашфорд.
Многумина велат дека еден од најталентираните таленти на познатата младинска академија е речиси избркан од клубот од страна на португалскиот тренер. Рубен Аморим не само што го стави Рашфорд на клупата, туку во последно време го нема ниту во протоколот, што само ги зголеми шпекулациите дека е прв на листата на играчи кои бараат клуб во јануари.
Така се појави информација дека поранешниот англиски репрезентативец веќе извесно време работи на трансфер. Тој, наводно, дури се сретнал со менаџерска агенција за да преговара за преселба во Саудиска Арабија. Сепак, на својот Инстаграм профил напиша дека тоа е лага.
– Изминативе неколку недели имаше многу лажни вести. Но, ајде, ова станува смешно. Никогаш не сум се сретнал со ниту една агенција и не планирам да го сторам тоа, напишал Рашфорд.
🚨❗️ Marcus Rashford on Instagram. pic.twitter.com/d17YWt9Duz
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 1, 2025