Се огласи САД-Слободата на изразување загрозена од предлогот за забрана на “бомбите“

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Работната група за спроведување на Договорот од Пржино синоќа постигнала напредок за прашањата поврзани со изборите и се договорила повторно да ги продолжи разговорите денес, информира за НОВА, Амбасадата на САД.24796golema

Оттаму велат партиите исто така, се договориле прашањето за предложеното инкриминирање на објавување на нелегално стекнати информации да го покренат во работната група, да разгледаат такво можно законско решение во пакет со законско решение за заштита на таканаречените „свиркачи“, и овие прашања да ги решат пред 20 октомври.

– Овие закони отвараат сериозни прашања во врска со слободата на изразувањето, правото на граѓаните на приватност и доброто владеење, при што сите заедно треба да бидат адресирани во склад со меѓународните обврски на Македонија, потенцираат од Амбасадата на САД.