Се огласи шефот на СЗО по објавувањето на извештајот за потеклото на коронавирусот

од Stefanija Kuzmanovska
421 прегледи

Шефот на СЗО, Тедрос Гебрејезус, изјави дека сите хипотези за потеклото на ковид 19 мора да бидат испитани во иднина, пренесува АФП.

Претходно денес се појави долго очекуваниот извештај на СЗО и Кина за потеклото на коронавирусот. Во него се наведува дека „мала е веројатноста лабораторијата да биде причина за пандемијата“.

Исто така, заедничка студија наведува дека најверојатно сценарио за потекло на ковид 19 е пренесување на вирусот од лилјаци на луѓе преку друго животно.

Слични содржини