Се огласи сопругата на Навални: „Путин е лично одговорен за смртта на мојот сопруг, сите ќе одговараат“

од Stefanija Kuzmanovska
281 прегледи

Сопругата на Алексеј Навални, Јулија, штотуку зборуваше на Минхенската безбедносна конференција, неколку часа откако беше објавено дека тој починал во затвор во Русија.

Сопругата на Навални наведе дека Путин е „лично одговорен“ за смртта на нејзиниот сопруг Алексеј.

„Владимир Путин е лично одговорен за сите страшни работи што ѝ ги прават на мојата земја“, рече таа.

Додаде дека не знае дали да верува во страшната вест која ја објавија руските власти.

„Долги години не можеме да им веруваме на Путин и неговата влада. Тие секогаш лажат. Но, ако тоа е вистина, сакам Путин и сите околу него да знаат дека ќе одговараат за се што ѝ направија на нашата земја и моето семејство. И овој ден ќе дојде многу брзо“, истакна Јулија.

Таа на крајот ја повика заедницата да го преземе случајот.

На крајот од говорот, Јулија доби голем аплауз од сите присутни.

За потсетување, канцеларијата на Федералната поправна служба на Русија за автономниот округ Јамало-Ненец, претходно денеска соопшти дека Навални се чувствувал лошо по прошетка и изгубил свест, по што бил неуспешно реанимиран, а се утврдува образецот на смртта.

Навални отслужуваше 30-годишна затворска казна и беше познат како остар критичар на Кремљ.

Слични содржини