Се огласи Спајиќ за масакрот во Црна Гора и откри нова информација за убиецот

од Nikola Popovski
170 прегледи

Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ пристигнал во главниот клинички центар на земјата каде се хоспитализирани ранетите во масовните убиства во Цетиње. Како што изјавил тој за ТВЦГ, четири лица се тешко ранети, а во тек се операции за нивно спасување.

– Страшна трагедија која не погоди сите. Во моментов на терен се сите полициски екипи. Го бараме сторителот, на добар пат сме (да го фатиме). Лекарите се борат за четири животи во КЦЦГ. Сите во моментов се подложни на операција и лекарите се борат за нивниот живот – изјавил Спајиќ.

Црногоскиот премиер објави тридневна жалост во неговата земја. Порачал мора да се заострат казните за оние кои нелегално поседуваат и носат оружје.

-Имаме хроничен недостаток на полицајци во сите општини. Ќе распишеме конкурс за брзо вработување на полицајци без да ја чекаме одлуката на Советот на Европа, а подоцна ќе објасниме – нагласил тој.

Полициската управа на Црна Гора апелира до граѓаните да бидат присебни и да не ги напуштаат своите домови. Меѓу убиените се: М.В., Р.М., Б.М. Рането е и лице со иницијали А.М. Како што пренесува „Цетињски лист“, по крвавиот напад во кафеаната, напаѓачот по име Ацо Мартиновиќ убил и двајца малолетници.

Слични содржини