651
Патријархот на Српската православна црква, Иринеј, почина, пренесоа српските медиуми.
Вчера патријархот како што беше јавено беше во значително влошена состојба. Тој имаше позитивен Ковид тест на 4. ноември, а веќе следниот ден беше хоспотализиран.
Инаку, тој по четири дена откако го предводеше погребот на црногорскиот митрополит Амфолохие, се зарази и последиците се одразија на неговото здравје.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, потврди дека патријархот Иринеј починал. Тој на Инстаграм, заедно со црно-белата фотографија од патријархот Иринеј, напиша:
„Ми беше чест да те познавам. Луѓето како тебе никогаш не заминуваат”.