Се огласи Стаменов: Демантирам дека сум „убиец“, истото го правеа и другите

од Vladimir Zorba
234 прегледи

Кристијан Стаменов, кој вчера беше разрешен од позицијата в.д. директор на скопската Зоолошка градина, се огласи на својот Фејсбук профил по повод информациите за колежот на коњите.

Против него и против уште пет вработени во ЗОО-Скопје МВР подлело кривични пријави откако вчера при извршена обиколка на Зоолошката градина, по претходно добиени сознанија, тие биле затекнати во помошните простории на Зоолошката градина (кујна за подготвување храна за животните) како подготвуваат храна од коњи (12 коњи и една мазга) кои ги колат на лице место за месото да го употребат како храна за дивите животни.

Слични содржини