Се огласи СЗО: Откриена причина зошто не можат да влезат во Кина

357 прегледи

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Адана Гебрејесус изјави дека е многу разочаран што кинеските власти не ги завршиле дозволите за тим експерти на СЗО да дојдат во Кина за да го испитаат потеклото на „ковид-19“, од кои некои веќе се упатиле кон Кина. Патот е откажан во последен момент.

„Обезбедени сме дека Кина ги забрзува внатрешните процедури за решавање на ова прашање што е можно поскоро“, изјави Тедрос пред новинарите во Женева, објаснувајќи дека бил во контакт со високи кинески претставници за да потенцира „дека оваа мисија е приоритет на СЗО и меѓународниот тим“.

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Чунинг изјави за Би-Би-Си „дека може да има недоразбирање“ и дека „нема потреба да се продлабочува прашањето“.

„Кинеските власти се во тесна соработка со СЗО, но имаше помали епидемии на повеќе места низ светот и многу земји и региони се зафатени со работа за да се спречи ширењето на вирусот, а ние работиме и на ова сега“, рече таа.

– Сепак, ние ја поддржуваме меѓународната соработка и напредуваме со внатрешните подготовки за доаѓањето на меѓународните експерти. Ние сме во комуникација со СЗО и, колку што знам за датумите и аранжманите, сè уште разговараме – заклучи кинеската портпаролка.

Слични содржини