Американскиот претседател вчера најави дека привремено, за 90 дена, ќе ја одложи примената на реципрочните царини за сите земји, освен за Кина, на која дополнително ќе ѝ ги зголеми царините на вкупно 125 отсто.
Трамп се огласи на социјалните мрежи со една реченица:
„Каков ден, а уште прекрасни денови ни доаѓаат“, напиша тој.
What a day, but more great days coming!!!
Donald Trump Truth Social 04/10/25 12:45 AM
— Donald J. Trump Posts From His Truth Social (@TrumpDailyPosts) April 10, 2025
Вчера Трамп го одложи спроведувањето на дополнителни, реципрочни царини за сите земји, освен за Кина. На Волстрит, индексот S&P 500 скокна за 9,5 отсто по одлуката во средата, што е негов најголем дневен скок во последните 17 години.
Индексот Dow Jones се зголеми за 7,87 отсто, на 40.608 поени, додека S&P 500 скокна за 9,52 отсто, на 5.456 поени, а индексот Nasdaq порасна за 12,16 отсто, на 17.124 поени.
За S&P 500, тоа е најголемиот дневен скок од глобалната финансиска криза во 2008 година и трет најголем од Втората светска војна. За Nasdaq, од друга страна, тоа е најголемиот скок од dotcom кризата во 2001 година и втор најголем во историјата.