Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја по земјотресот кој ја погоди земјата утрово со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во Адана, изјави дека не се пријавени случаи на загуба на животи или имот.
Јерликаја на социјалните мрежи наведе дека спасувачките екипи на АФАД по земјотресот излегле на терен и ги направиле потребните истражувања.
„До сега нема информации за изгубени животи и имоти“, истакнал Јерликаја.
Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа Козан, во близина на Адана, а е регистриран на длабочина од 11,27 километри.