Се огласи Украина по падот на рускиот авион: „Постоеше план за размена на војници“

од Stefanija Kuzmanovska
762 прегледи

Украина потврди дека денеска била договорена размена на војници со Русија.

„Тоа не е во тек во моментов“, изјави Андреј Јусов од Украинската разузнавачка агенција.

Русија претходно објави дека во авионот „Ил-76“, кој утрово се урна во областа Белгород, превезувал 65 украински затвореници. Од друга страна, некои украински медиуми, повикувајќи се на воени извори, тврдеа дека Русија во тој авион превезувала оружје.

Руското министерство за одбрана ја обвини Украина дека го соборила авионот. Тие тврдат дека радарите регистрирале два проектила кои биле истрелани непосредно пред да се урне „Иљушин“.

Слични содржини