Се огласи Захарова по прифаќањето на Украина на 30-дневен прекин на огнот

од Nikola Popovski
1,K прегледи

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова побара од Москва да се следат вестите за преговорите меѓу САД и Украина во Саудиска Арабија, нагласувајќи дека формирањето на руската позиција не се одвива надвор, туку во Русија.

„Главната вест за нас ќе дојде од тука“, рече Захарова, коментирајќи ги резултатите од преговорите меѓу делегациите на САД и Украина, кои се одржаа вчера во Џеда, Саудиска Арабија.

Преговорите траеја околу девет и пол часа, а по нив беше објавено заедничко соопштение на веб-страницата на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

САД ќе продолжат со воена и разузнавачка помош за Украина, беше потврдено од Киев. „Договорите се спроведуваат“, објави на Фејсбук Палво Палиса, заменик началникот на кабинетот на украинскиот претседател.

Ова дојде откако Украина се согласи на едномесечниот прекин на огнот предложен од САД – во зависност од подготвеноста на Русија да го стори тоа.

Дополнително, договорот за украинските минерали треба да биде склучен „што е можно поскоро“.

„Украина се согласи да го прифати американскиот предлог за итен, привремен прекин на огнот од 30 дена, кој може да биде продолжен со заеднички договор на страните, а кој мора да биде прифатен и истовремено имплементиран од Руската Федерација“, се вели во заедничкото соопштение.

Слични содржини