Компанијата „Беса Транс Скопје“ за првпат јавно се огласи после трагичната автобуска несреќа во Бугарија. Од таму упатија телеграма со сочувство до загинатите патници.
– Денеска е многу тажен и тежок ден за нас како компанија. Изразуваме сочуство до семејствата и роднините на починатите и се молиме за брзо оздравување на преживеаните. Компанијата во целост соработува со надлежните институции со Р.C.Македонија и Р.Бугарија се со цел да се утврдат причините за оваа страшна трагедија, велат од „Беса Транс“.
Од таму се извинуваат на сите што не се во можност да одговорат на бараните информации, бидејќи се уште се во голем шок.
-Со почит. За секакви информаци во врска со случајот јавете се на 075273732, велат од фирмата што го организирало патувањето со автобусот.