Се огласија од неговиот Кабинет: Откриено е во каква здравствена состојба е Мило Ѓукановиќ!

од Nikola Popovski

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, е во добра здравствена состојба и ги извршува сите свои редовни обврски во полн капацитет, соопштија од од Кабинетот на претседателот на Црна Гора.

„Информациите за здравствената состојба на претседателот на Црна Гора објавени во некои српски медиуми се шпекулации и дезинформации.

Претседателот на Црна Гора е во добра здравствена состојба и ги извршува сите свои редовни должности во полн капацитет“, стои во соопштението

Инаку, како што пренесоа голем дел од медиумите, Ѓукановиќ го делеле само минути од смртта, а француски лекари успеале да го спасат. Дополнително наведуваат дека претходно бил хоспитализиран во Клиниката во Подгорица, но поради нагло влошување на здравствената состојба, посебно со белите дробови, Ѓуќановиќ бил транспортиран со авион во Париз, состојбата му била стабилизирана.

Слични содржини