Се огласија од Русија по изјавите на Трамп за Гренланд и Канада

од Nikola Popovski
165 прегледи

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп се уште не ја презел функцијата, потсети портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, коментирајќи ги изјавите на политичарот за „припојување“ на неговата земја со Гренланд и Канада.

„Запомнете, тој се уште не ја презеде функцијата… Во моментов тоа мора да се гледа од оваа гледна точка. Кога ќе стане претседател, кога ќе ја преземе функцијата и ќе зборува во службено својство во име на државата и народот на САД, тогаш тоа може да стане причина за анализа“, изјавила Захарова.

Трамп претходно ја повика Канада да им се придружи на САД како одговор на најавата на премиерот Џастин Трудо за неговата намера да поднесе оставка.

Тој наведе дека обединувањето на двете земји ќе ги укине трговските царини, ќе ги намали даноците и ќе и гарантира целосна безбедност на Отава од наводните закани на руски и кинески бродови, кои, според републиканецот, постојано ги опкружуваат.

Од друга страна, Трудо рече дека „нема шанси“ неговата земја да стане дел од САД, истакнувајќи дека работниците и заедниците во двете земји имаат корист од меѓусебните трговски и безбедносни партнерства.

Слични содржини