„Ние македонските Бугари сме тука сакале или не и знаеме по кој пат треба да оди Македонија, како што знаеле нашите предци, ние сме борци за правда како нив, а не жртви и секој изминат ден ќе стануваме се повеќе и повеќе“, велат од бугарскиот клуб „Иван Михајлов“.
„Не се откажуваме и ќе стигнеме до Стразбур, ќе се бориме за нашите права и за отстранување на фалсификуваната историја и за отворање на досиејата на УДБА и никој не може да не спречи!“, порачаа, меѓу другото, од клубот.
Претходно Комисијата за употреба на имињата даде негативно мислење за името на бугарскиот клуб, а министерот за правда Кренар Лога го потпиша решението со кое како неосновано се одбива барањето за користење на името ,,Иван Михајлов” во називот на бугарскиот културен клуб во Битола.
Бугарските клубови сега се обврзани да побараат пререгистрација со ново име или во спротивно им се заканува укинување.