Се омажи ќерката на Бил Гејтс, свадбата чинеше 2 милиони долари

од Vladimir Zorba

Џенифер Кетрин Гејтс, најстарата ќерка на три деца на основачот и бизнисменот на Мајкрософт – Бил и неговата сопруга Мелинда Гејтс, се омажи за професионален возач, Египќанецот Најел Насар. Според „Пипл“, церемонијата, која била многу луксузна, се одржала на нивниот имот во округот Вестчестер, Њујорк.

Бил и Мелинда, и покрај тоа што беа свежо разведени, ја закопаа „воената секира“ за да ја однесат својата ќерка до олтарот. Џенифер носеше раскошна венчаница со чипка и голем превез.

Џенифер беше пресреќна и веднаш се пофали на Инстаграм, пишувајќи: „Ви благодарам за оваа неверојатно посебна прослава. Длабоко сум благодарна за сите неверојатни жени во мојот живот кои ме советуваат, ме поддржуваат и воздигнуваат. Заедно во ново поглавје! “

Медиумите пренесуваат дека церемонијата чинела неверојатни два милиони долари.

Слични содржини