Се организираат свадби со по 200 гости, Филипче апелира вирусот брзо се шири

од Берта Китинска

Министерството за внатрешни работи, во соработка со Државниот пазарен инспекторат, продолжуваат со засилените контроли во објекти во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирус и санкционирање лица кои не ја почитуваат Уредбата за носење лична заштита на лицето,.

Одговорноста и свеста кај граѓаните игра најголема улога во заштитата од ширењето на вирусот бидејќи, нема што да се преземе друго ако не делуваат казните, апелираат надлежните.

Вчеравечер околу 21 часот полиција прекинала свадба во угостителски објект во скопско Арачиново.

Притоа интервенцијата полицијата во објектот биле затекнати околу 200 лица.

Свадбите и други семејни веселби и собирања се забранети од почетокот на епидемијата на ковид -19 во земјава, а за прекршителите на овие забрани ќе следуваат соодветни пријави.

Воедно минатиот викенд со интервенција на полицијата беше прекината свадба во село Глумово

Кривична пријава за непочитување на мерките за заштита од ковид-19 ќе биде поднесена против угостителскиот објект во село Глумово, каде вчера беше организирана свадба со 250 гости.

Казни ќе бидат поднесени и за неносење на лична заштита на лицето, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од соопштението на МВР, објектот во кој била организрала свадбата е во сопственост на Б.Ј. (35) од Глумово.

Заедничката акција на полицијата и на Пазарниот инспекторат беше спроведена од 20 до 23:30 часот.

Министерството за внатрешни работи, во соработка со Државниот пазарен инспекторат, продолжуваат со засилените контроли во објекти во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирус и санкционирање лица кои не ја почитуваат Уредбата за носење лична заштита на лицето, се наведува во соопштението од МВР.

-Кафеаните и рестораните во кои се одржуваат свадби и веселби и покрај забраната, засега добиваат само кривични пријави. Откако пак Собранието ќе ги усвои измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, ќе може да бидат затворени на 30 дена и да им се изрече парична казна на самото место со платен налог, изјави Стојко Пауновски, дректорот на Пазарниот инспекторат.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера повторно упати апел за почитување на мерките.

„Пред нас е продолжен викенд во кој очекувам максимално одговорно однесување на граѓаните. Влегуваме во исклучително ризична фаза во која вирусот е широко распростанет и можноста за заразување е голема. Групирањето, забавите, собиранките оставете ги за некое друго време. Има многу безбедни начини за убаво поминат викенд почитувајќи ги мерките за заштита. Сега е време да го заштитиме сопственото, а со тоа и јавното здравје“, напиша Филипче

Слични содржини