Се откажа ли Жерновски од Центар ,ама не го гласавме да се правда дека работи со „врзани раце“!?

од Vladimir Zorba
126 прегледи

Најавите за новите градби во општината Центар кои се вцртани во Деталниот урбанистички план за Дебар Маало, предизвикаа бурни реакции кај граѓаните и невладиниот сектор. Бараат градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски да го промени ДУП-от. Законот за просторно и урбанистичко планирање изминативе години често се менуваше, само во последниве седум години е променет осум пати. andrej-zernovski-2-520x326

Градоначалникот Жерновски има право да не дозволи изградба на на 15-катницата на местото на општинските бараки во Дебар маало, која е во огласност со измените на ДУП-вите од 2011 и од 2012 година.  Многу од законските измени во областа на урбанизмот и просторното планирање се променија за да се опструира Општина Центар,  но не се сеќавам дека слоганот на Андреј Жерновски на изборите беше „За Центар колку што ни се ингеренциите, вели во интервју за Фактор Никола Наумоски од невладината “Плоштад Слобода”

 

timthumb (74)„Не само што досега не ги довеле во прашање користејќи некои од институционалните механизми кои им се на располагање, туку сега, кога ние повикуваме на премислување на овој план не квалификуваат како несериозни. Андреј Жерновски и екипата се кандидираа на локални избори, а за тоа и беа поддржани, за да интервенираат врз хаосот кој во само еден мандат го создаде Владимир Тодоровиќ во Општина Центар. При водење на изборната кампања, Жерновски изјави дека „веќе ниедно дрво во општина Центар нема да биде исечено“, а оттогаш, при секое прегазување на ветеното, тој се правда со врзани раце, фактот што Шиповиќ смени страна, но и реалниот притисок од страна на централната власт. Тој со овие „аргументи“ е подготвен да не се бори против ДУП исцртан во некој партиски штаб, поделен по парцели кои ќе задоволат приватен или институционален интерес на сметка на јавниот, план кој дури некои парцели сосема ги иззема од надлежноста на Општината.“

целото интервју тука