Денеска под силно полициско обезбедување почна најавуваната акција за отстранување на нелегалните градби и урбана опрема од плажите во градското подрачје на Охрид.
За почеток се отстранува и демонитира платформата во езерото пред „Куба Либре”, една од најатрактивне плажи и локации на исотчниот брег на Охридското Езеро.
Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески неодамна најави дека ќе се отстрануваат сите нелегални објекти и градби од сите плажи на кои им се истечените договорите за концесија, вклучувајчќи ги и петте што влегуваат во опфатот на ГУП-от.