Град Скопје денеска организира отворање на новиот стационар во рамки на Јавното претпријатие „Лајка”.
-Објектот е готов, планот беше да го отвориме официјално в среда, прекрасно изгледа, меѓутоа ако пандемијата ни се испречи ќе мора да го одложиме, затоа што седум луѓе што таму во моментот работат сега се во фаза на тестирање, рече Шилегов во изјава за медиумите.
Тој наведе дека во стационарот ќе има 100 легла со карантински дел, ветеринарна соба и соба за интензивна интервенција.