Се отвораат пет ковид-амбуланти во Скопје

од Nikola Popovski
238 прегледи

Портпаролот на Комисијата за заразни болести (КЗБ) д-р Злате Мехмедовиќ денеска информира дека иако има зголемување на бројот на новозаразени со Ковид-19, состојбата во болниците е стабилна и нема зголемување на бројот на хоспитализирани во болниците.

-Тоа значи дека болничките капацитети сега се доволни. Најголемиот товар во моментов е на грбот на матичните лекари, рече Мехмедовиќ.

Тој информира дека денеска на состанокот на КЗБ е дискутирано отворање на пет ковид-амбуланти на територија на град Скопје.

-Градот е назасегнат со број на новозаразени на ниво на примарна здравствена заштита. Ова ќе биде добро решение за да се скратат проблемите и во делот на дијагностика, но и во процесот на третман и следење на пациентите. Тие пет ковид-амбуланти ќе бидат во просториите на Здравствен дом Скопје и ќе бидат во петте поголеми Клиники во Скопје – Идадија, Јане Сандански, Ѓорче Петров, Ченто и во Чаир. Ги дефиниравме просторот, опремата и кадарот кои треба да бидат вклучени во реорганизацијата. Со постоењето на овие ковид-амбуланти, ќе се олесни товарот врз матичните лекари и ќе ги направи услугите за граѓаните подостапни, рече д-р Мехмедовиќ на денешната прес-конференција.

 

Слични содржини